Две лица се повредени во текот на изминатата ноќ во Киев кога остатоци од руски дрон паднале врз станбена зграда од 16 ката и бил предизвикан пожар, соопштија украинските власти на 2 ноември.
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, изјави дека на една од жртвите и е потребна хоспитализација.
Пожарот што настанал бил изгаснат од службите за итни случаи.
Видете и ова: Зеленски ги критикува партнерите за слаб одговор на севернокорејските трупи во РусијаВо североисточниот град Суми, пак, уште пет лица биле повредени, од кои едно потешко,откако руски дрон удрил во деветокатница во доцните вечерни часови на 1 ноември, објавија тамошните обвинители.
Украинските власти ја обвинуваат Русија дека во текот на нејзината инвазија започната пред две и пол години, постојано рутински напаѓа цивилни мети на украинска територија, обвинувања што Москва ги отфрла како невистинити.