Заврши спасувачката акција, еден од загинатите во несреќата во Нови Сад е македонски државјанин

Спасувачи на теренот каде се случи несреќата во Нови Сад

Досега се идентификувани 14 загинати во несреќата на железничката станица во Нови Сад, а меѓу нив и државјанин на Северна Македонија, соопшти српскиот претседател Александар Вучиќ во обраќање до нацијата. Железничката станица во била реконструирана во јули, но не и настрешницата која падна.

Заврши спасувачката акција во Нови Сад, каде по уривање на настрешницата на железничката станица загинаа најмалку 14 лица, а тројца се тешко повредени.

Бетонската конструкција пред влезот на железничката станица се урна денеска (1 ноември) околу пладне, а причината за уривањето уште не е позната.

Спасувачи од неколку градови со тешка механизација, во текот на целиот ден бараа пат до настраданите под урнатините.

„Нема сум и емпатијата е толку голема што ја победува болката, а болката е огромна“, изјави за РСЕ, Натша Шилеѓ од Нови Сад.

Таа вели дека не може да верува дека ова се случило во нејзиниот град.

Александар бил сведок на уривањето на тешката армирано-бетонска настрешница на железничката станица.

„Што да ви кажам, страшно е. Јас тоа денеска го видов додека паѓаше. Едноставно жалам за оние луѓе кои беа повредени и, за жал, загинаа“, рече тој.

Давуд Далимеѓац вели дека тоа е нешто што не требало да се случи.

„Некој требаше да ја провери таа конструкција“, вели тој.

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Несреќа на железничката станица во Нови Сад

Кој е одговорен?

На новинарско прашање за тоа кој е одговорен за трагедијата, српскиот министер за внатрешни работи, Ивица Дачиќ, набрзо по несреќата, рече дека не е време да се одговори на тоа прашање.

Железничката станица во Нови Сад која е изградена во 1964 година, се реновираше три години. Официјално беше отворена на 5 јули оваа година.

Српска железница-инфраструктура соопшти дека настрешницата што паднала „не била предмет на реконструкција како дел од работите на реновирање на зградата на станицата во рамки на градежниот проект на брзата пруга Нови Сад – Суботица“.

Како што додаваат во соопштението, во рамки на реконструкцијата се работело на внатрешноста на станицата, покривот и фасадата над и под настрешницата.

Расчистување на теренот околу железничката станица во Нови Сад

„Ќе се утврди одговорноста на сите кои се одговорни за тоа зошто овој дел од станицата не е реконструиран и одговорните за оваа несреќа“, изјави Горан Весиќ, министер за градежништво, транспорт и инфраструктура.

Тој не одговори на новинарското прашање дали ќе поднесе оставка од морални причини.

Спасувачите трагаат по настрадани во несреќата

Српскиот премиер, Милош Вучевиќ, изјави дека ова е еден од најтешките денови во повоената историја на Нови Сад и дека ќе се инсистира да се најде виновникот.

Свеќи и цвеќе во близина на железничката станица

Откако се случи несреќата, полицијата ги блокираше сите пристапи до железничката станица, а обвинителот почна истрага.

На територијата на Нови Сад е прогласена тридневна жалост, која ќе почне утре (2 ноември). А утрешниот ден ќе биде ден на жалост и во цела Србија. Граѓаните веќе палат свеќи и оставаат цвеќе за настраданите во несреќата на железничката станица.