Грузискиот суд го продолжи притворот на азербејџанскиот новинар Садиков

Афкан Садиков со лисици, фотографија од 2018 година

Градскиот суд во Тбилиси, Грузија, го продолжи притворот на азербејџанскиот новинар Афкан Садиков, критичар на претседателот на земјата, Илхам Алиев, за уште три месеци.

Судијата Арсен Калатозишвили ја објави одлуката денеска (1 ноември) и покрај барањето на Садиков да биде пуштен со кауција или под надзор, што беше одбиено.

Садиков, кој штрајкува со глад веќе 42 дена, во судот се појави во количка поради здравствени проблеми.

„Никогаш не сум сторил кривично дело, само го критикував Алиев и ги разоткрив неговите злодела“, рече Садиков на рочиштето.

Видете и ова: Грузиската полиција уапси две лица, обвинети за полнење гласачки кутии

Тој беше приведен на 3 август додека се обидуваше да ја напушти Грузија, каде што бараше азил од декември 2023 година.

Садиков и неговите поддржувачи тврдат дека обвиненијата се политички мотивирани.

Неговата сопруга Севинч и организациите за човекови права стравуваат за неговата безбедност доколку биде екстрадиран во Азербејџан, каде што неколку пати беше апсен поради неговата новинарска работа.