Европска комисија: Повеќе да се грижите за културното наследство

Архивска фотографија од отпад фрлен кај скопскиот Аквадукт

Европската комисија укажува дека „културното наследство на земјата треба подобро да се чува“ и треба да се разгледаат натамошни напори за зајакнување на институционалниот одговор и меѓуинституционалната соработка за заштита на местата на културно наследство, како што е Старата скопска чаршија.

Во Годишниот извештај за напредокот на Северна Македонија, во делот за културата, ЕК го наведува одложувањето да се усвојат измени на националното законодавство за култура - новата национална стратегија за 2023-2027 година за развој на културата и заштита на културното наследство, пренесува МИА.

Видете и ова: Странците треба да ни кажат дека си ги уништуваме природните богатства

Министерството за култура треба да ги зајакне капацитетите за заштита и промоција на различноста на културните изрази во земјата, вклучително и наследството. Извештајот на Државниот завод за ревизија ја откри потребата од зајакнување на правниот и оперативниот систем на Агенцијата за филм на земјата, се наведува во документот.