Најмалку 10 израелски напади врз јужните предградија на Бејрут

Либан

Израелската армија рано утрото на 1 ноември извршила најмалку 10 напади врз јужните предградија на главниот град на Либан, Бејрут, објави либанска новинска агенција.

Израел, кој повеќе од еден месец ги гранатира упориштата на Хезболах во Либан, претходно упати повик за евакуација.

„Десетици згради се срамнети со земја“, соопшти агенцијата.

Овие удари предизвикаа силни експлозии и густи облаци од чад кои може да се видат над градот.

Хезболах е и вооружена група и политичка партија која контролира голем дел од јужен Либан. ЕУ не го стави на црната листа неговото политичко крило, туку само вооруженото. Политичката партија Хезболах има места во либанскиот парламент.

Нападот доаѓа еден ден по средбата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху со американските претставници кои пристигнаа во Израел на разговори за прекин на огнот во Либан.

Видете и ова: Нетанјаху: Договорот за прекин на огнот со Хезболах мора да гарантира безбедност на Израел

Израел вели дека сака да го неутрализира Хезболах во јужен Либан за да дозволи враќање на околу 60.000 жители од северниот дел на неговата територија, раселени поради непрестајните ракетни истрели од почетокот на војната во Газа минатиот октомври.

Најмалку 1829 луѓе се убиени од 23 септември во Либан, објави агенцијата Франс прес, повикувајќи се на официјални податоци.