Белгија отфрла 96 проценти од поднесените барања за азил откако во февруари беше воведена забрзана постапка за оценување на документите, јавуваат локалните медиуми.
Промените овозможуваат властите брзо да ги разгледуваат барањата за кои нема основа за подетално оценување.
Се наведува дека ваквиот пристап е предвиден и во новите европски правила за миграција. Промените кои допрва треба да се имплементираат предвидуваат забрзано разгледување на барањата поднесени од државјани на „безбедни земји“ каде нивниот живот не е загрозен. Земјите од ЕУ имаат право сами да утврдат кои земји ги сметаат за „безбедни“.
Видете и ова: Повеќе од половина милион барања за азил во ЕУ во првата половина од 2024Новото европско законодавство предвидува барањата што имаат мала веројатност за одобрување да бидат оценети во рок од 12 недели. Белгија воведе рок од 50 работни дена за овие случаи, а засега забрзаната постапка се применува за барања од државјани на Молдавија, Албанија, Косово, Конго, Грузија и Индија.
Видете и ова: Критики и предизвици за усвоената реформа на ЕУ за мигранти и азилСе истакнува дека проширувањето на обемот на забрзаната постапка во Белгија е дел од преговорите за идната федерална владина коалиција.