Украинскиот претседател Володимир Зеленски повторно ги повика сојузничките земји да му дозволат на Киев да користи напредно западно оружје за да напаѓа подлабоко во Русија, по руските напади врз Харкив во кои загинаа најмалку две лица, а беа ранети уште најмалку 34 други.
Руските сили наводно користеле воздушна бомба ФАБ-500 во напад на деветкатница во Хакрив, вториот по големина град во Украина. Тоа е моќна бомба која Москва се повеќе ја користи во војната против Украина.
„Веста е трагична, има жртви, меѓу кои и едно дете, додека повеќе луѓе најверојатно се под урнатините“, напиша Зеленски на мрежата X.
Гувернерот на Харкив, Олех Синјехубов, изјави дека цел бил четвртиот кат од зграда во населбата Салтив.
Руските напади врз Харкив се трети оваа недела.
Видете и ова: Кремљ негира дека разговара со Киев за прекин на нападите врз енергетската инфраструктураНајмалку четири лица беа убиени во претходните напади врз центарот на градот и квартот Основјански, во кои беа користени наведувани воздушни бомби и проектили.
„Земјите партнери гледаат што се случува секој ден“, напиша Зеленски, додавајќи, „под овие околности, секоја нивна одложена одлука значи десетици, па дури и стотици други руски бомби кои треба да се употребат против Украина“.
Видете и ова: Четворица загинати, многумина ранети во руските напади на Харкив и КиевУкраина по втор пат бара од западните земји да и дозволат да користи ракетни системи со долг дострел како што се британските крстосувачки ракети Сенка на бура (Storm Shadow) или американските ATACMS (Армиски тактички ракетни системи) за напад на воени цели подлабоко во руската територија.
Сепак, досега Соединетите Држави, Велика Британија и други земји го отфрлија тоа барање на Киев, тврдејќи дека дозволата ќе доведе до ескалација на конфликтот.