Премиерот на Канада, Џастин Трудо изјави дека распоредувањето и вклучувањето на севернокорејските трупи во судирот во Украина најверојатно ќе довде до ескалација на војната.
Трудо, во телефонскиот разговор со претседателот на Јужна Корелја, Јун Сук-јеол посочи дека војната значително ќе влијае врз безбедносното опкружување во Европа и во Индо-пацифичкиот регион и предложи продлабочување на соработка помеѓу Канада и Јужна Кореја.
Видете и ова: Дали севернокорејските трупи се „фер игра“ во војната на Русија против Украина?Јун потврди дека распоредувањето на севернокорејските трупи во Русија било побрзо од што се очекувало, додавајќи оти тоа создава опасна ситуација.
Претходно, јужнокорејски владини претставници наведоа дека некои севернокорејски трупи можеби веќе се преместени на линијата на фронтот и изразија загриженост дека не се знае што Русија би можела да му даде на Пјонгјанг за возврат.