Норвешката влада најави дека сојузниците на земјата во НАТО ќе и дадат на Романија 127 милиони долари за делумно покривање на трошоците за новиот ракетен одбранбен систем „Патриот“, кој ќе го замени оној што Букурешт и го донираше на Украина.
Украина го потврди приемот на овој систем од Романија претходно овој месец, откако Букурешт првично се двоумеше да го предаде напредниот систем за противвоздушна одбрана произведен во САД во јуни.
Видете и ова: Системот Патриот пристигна во Украина, Зеленски и се заблагодари на РоманијаВо 2017 година Романија нарача седум патриоти за цена од четири милијарди долари. Досега има добиено четири од нив. Останатите четири ќе ги испорачаат САД во наредните години.
Цената на еден Патриот чини 400 милиони долари, додека секој проектил чини дополнителни 4 милиони долари.