Унгарскиот премиер Виктор Орбан кој е во посета на Тбилиси, изјави дека изборите во Грузија, на кои победи владејачката партија, биле слободни и демократски и му честитал на грузискиот колега Иракли Кобахидзе.
Илјадници луѓе протестираа во понеделникот пред грузискиот парламент во Тбилиси по извештаите за нерегуларности на изборите, потсетува Ројтерс.
Владејачката партија Грузиски сон и изборната комисија тврдат дека изборите биле слободни и фер, а западните сили повикаа на истрага.
„Ја прочитав оценката на меѓународните организации и гледам дека никој не се осмелува да оспори дека изборите биле фер и демократски. И покрај сите критики, никој не се осмели да оди толку далеку“, рече Орбан.
Набљудувачките мисии во неделата забележаа голем број неправилности, вклучувајќи ја и мисијата на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), која обединува 57 земји.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Групите рекоа дека наводните нерегуларности, вклучително и изборна измама, поткуп, заплашување гласачи и насилство во близина на избирачките места, можеби влијаеле на исходот, но не ги окарактеризираа изборите како нефер.
Прозападните Грузијци ги прикажаа изборите како избор помеѓу владејачката партија која ги има блиски односи со Русија и опозицијата која се обидува да ја забрза интеграцијата со Европа.
Унгарија, која моментално претседава со Советот на Европската Унија, ги налути другите членки на Унијата и НАТО затоа што одлучи да одржува блиски односи со Русија и покрај нејзината инвазија на Украина во 2022 година. Тие реагираа на посетата на Орбан на Грузија.
„Ја критикуваме прераната посета на премиерот Орбан на Грузија. Тој не зборува во име на Европската Унија“, се вели во заедничката изјава на група од 13 министри за надворешни работи од земјите-членки на ЕУ.
Орбан предизвика контроверзии и во јули кога отиде во „мировна мисија“, како што ја нарече Будимпешта, во Москва и Пекинг на почетокот на унгарското претседавање со Советот на ЕУ, без да се координира со своите европски партнери.
Видете и ова: Европскиот парламент го критикуваше Орбан за средбата со ПутинЕвропската Унија и САД ја критикуваа грузиската владејачка партија Грузиски сон за некои од нејзините политики. Партијата воспостави срдечни врски со Русија, но тврди дека целосно го поддржува влезот на земјата во ЕУ.
Орбан рече дека Грузија е на пат кон членство во Унијата, додавајќи дека резултатот од изборите е „проевропски избор“.
„Унгарија е жесток поддржувач на Грузија на патот кон евроинтеграциите, а Унгарија одигра посебна улога во доделувањето на кандидатскиот статус за Грузија. За тоа би сакал лично да му се заблагодарам на Виктор Орбан“, рече Кобахиџе.
Грузија доби кандидатски статус во декември минатата година, но ЕУ во повеќе наврати соопшти дека нејзината апликација е замрзната поради, како што ги нарече Брисел, авторитарните тенденции на Грузиски сон.