Хезболах го именуваше Наим Касем за нов лидер

Наим Касем

Милитантната група Хезболах избра нов лидер Наим Касем.

Тој ќе го наследи Хасан Насрала, кој беше убиен во израелските воздушни напади врз Бејрут на 27 септември.

„Советот на Хезболах се согласи да го избере шеикот Наим Касем за генерален секретар на партијата“, се вели во соопштението на групата поддржана од Иран, повеќе од еден месец по убиството на Насрала.

САД го прогласија Хезболах за терористичка организација, додека Европската Унија го стави на црната листа само вооруженото крило на организацијата, но не и политичката партија. Политичката партија на Хезболах има места во либанскиот парламент.

Видете и ова: Кој беше Хасан Насрала, убиениот лидер на Хезболах?

Касем беше вклучен во организирањето на изборните кампањи на Хезболах за либанскиот парламент откако групата првпат учествуваше на изборите во 1992 година.

Хезболах е основан пред 40 години со помош на Иран, а Насрала се приклучи на групата во 1982 година.

На чело со Насралах, Хезболах разви блиски врски со вооружените групи и други поддржани од Техеран, помагајќи во обуката и вооружувањето на нивните борци.

Хезболах, како и палестинската милитантна организација Хамас, има поддршка од Иран.