Во руските бомбашки напади рано утрината на 29 октомври загинаа четири лица во Харкив, вториот по големина град во Украина, информираше градоначалникот Ихор Терехов во порака на каналот Телеграм.
„Нападот на градската област Основјанск, исто така, предизвика штета на цивилната инфраструктура и домување“, нашиша Терехов.
Тоа беше втор руски напад врз градот за помалку од шест часа.
Девет лица беа ранети во првиот напад кој беше насочен кон центарот на градот, оштетувајќи историска зграда, објави градоначалникот Терехов.
Видете и ова: Москва тврди дека постигнала напредок во источна УкраинаВо одделен напад, руски беспилотни летала го нападнаа Киев рано на 29 октомври, при што беа ранети најмалку шест цивили, од кои еден сериозно, објави на Телеграм Виталиј Кличко, градоначалникот на главниот град на Украина.
Русија ја почна инвазијата на Украина на 24 февруари 2022 година.