Премиерот Христијан Мицкоски смета дека сега е беспредметно да се испраќа писмо до Европската унија затоа што вели се она што требало да биде содржано во писмото веќе е разговарано со лидерите од Европската унија и со претседателката Урсула Фон дер Лајен која во четвртокот беше во посета на земјава.
Во изјава за медиумите дадена денеска во општина Аеродром, премиерот рече дека позицијата на земјата е јасна и дека за да почне процесот на уставни измени потребно е бугарскиот Парламент да го ратификува Пристапниот договор на нашата држава за влез во Европската унија
„За да почне процесот на уставните измени потребно е она што ние го предлагаме да биде прифатено, а тоа е кога бугарскиот Парламент ќе го рафитикува Пристапниот договор на нашата земја во рамките на Европската унија, да важат тие уставни измени. Мислам дека е тоа фер решение за сите имајќи ја предвид состојбата во којашто не доведе Владата во која клучниот збор го имаше Бујар Османи и позади себе ги водеше Маричиќ и Ковачевски. Сега дознавам што се правело во тој период и навистина шокирачки се тие информации, затоа жестоко се бориме. Друг тип на уставни измени додека сум јас премиер нема да има, ултиматуми и диктати нема да прифаќам, рече Мицкоски.
Отворањето на кластерот фундаментални вредности од македонските преговори со Европската Унија е на само чекор до вас, само уште да се донесат уставните измени на кои што Северна Македонија се согласи дека ќе ги направи. Оваа порака од Брисел во Скопје ја донесе претседателката на Европската Комисија Урсула Фон дер Лајен при нејзината посета неделава. Таа посочи дека целта е јасна, да се отвори кластерот од преговорите што е можно побрзо.
Видете и ова: Фон дер Лајен: Речиси сте до отворање на првиот кластер, но прво уставни измениИнаку утре се одржуваат седмите по ред парламентарни избори во Бугарија. За утрешните избори Мицкоски рече дека не би можел да идзвои кој би бил подобар соговорник, но дека логично е дека сака да победи партијата на Борко Борисов со која се дел од Европската народна партија.
„Бугарските граѓани претпоставувам дека најдобро знаат кого да го изберат и да ги претставува и во бугарскиот Парламент и во идната бугарска Влада. Им посакувам успешни, фер и демократски избори и да ја изберат најдобарата влада којашто мислат дека ќе работи во интерес на бугарските граѓани и која ќе промовира стабилност во регионот и добросоесдски односи. Не би можел да издвојам кој би бил подобар соговорник, но можам да кажам дека со партијата ГЕРБ која што ја води Борко Борисов сме во исто семејство во европската народна партија и логично е да посакам политичка партија која доаѓа од нашето семејство да победи на изборите, рече Мицкоски
На 27 октомври гласачите во Бугарија ќе излезат на гласање за да изберат нов парламент по седми пат во последните три и пол години. Последните избори во јуни не успеаја да донесат мнозинска влада.
Во услови на замор на гласачите, екстремно десничарската, проруска „Преродба“ се смета дека ќе оди добро, а анкетите ги ставаат на второ или трето место, заедно со фаворитот ГЕРБ и коалицијата Продолжуваме со промените-Демократска Бугарија. Преродба и нејзиниот лидер, Костадин Костадинов, меѓу другите прашања ги оспоруваат мигрантите, НАТО, правата на ЛГБТ и санкционирањето на Русија поради нејзината војна против Украина.