Министерството за внатрешни работи на Србија ја укина одлуката според која на рускиот државјанин и антивоен активист Антон Бобришев му беше наредено да ја напушти Србија, јавува Гласот на Америка.
Ваквата одлука на Министерството за внатрешни работи (МВП) е донесена на 23 октомври, по претставка на адвокатот Антон Бобришев.
Постапката пред институциите продолжува, бидејќи Бобришев се жалел и на второто решение, според кое му бил одбиен привремен престој во Србија.
Руското демократско општество, невладина организација која собира руски антивоени активисти во Србија, оценува дека во случајот на Антон Бобришев се продолжува со прогонот на руските граѓани во Србија поради нивните антивоени ставови.
Со решението на Министерството за внатрешни работи на Србија, кое беше издадено на 16 септември, беше одбиено барањето на Антон Бобришев да му се одобри привремен престој во Србија, по основ на сопственост на недвижен имот.
Три дена подоцна, МВР со ново решение му наложи да ја напушти Србија во рок од 30 дена - односно до 19 октомври.
Видете и ова: Никитин: Со протерувањето на Русите кои ја критикуваат инвазијата на Украина, се прекршува српскиот УставВо образложението на својата одлука, МВР наведува дека „претходно била побарана проценка од државниот орган надлежен за заштита на безбедноста на Србија дали престојот на странец претставува неприфатлив безбедносен ризик“.
По жалбата на адвокатот, МВР на 23 октомври ја укина наредбата Бобришев да ја напушти државата.
Постапката по втората жалба, со барањето Бобришев да му се одобри привремен престој во Србија, сè уште е во тек.
Бобришев и неговата сопруга се преселиле во Србија пред осум години.
Како што претходно објави Руското демократско општество, Антон Бобришев учествуваше на антивоени митинзи во Белград, а во јуни 2023 година во Панчево организираше митинг за поддршка на лидерот на опозицијата и критичар на Кремљ, Алексеј Навални, кој почина во затвор во Русија во февруари на оваа година.