Главниот обвинител на Украина, Андриј Костин, поднесе оставка поради истрагата која покажа дека десетици владини функционери ја избегнуваат воената служба барајќи да добијат бенефиции за инвалидитет.
Мобилизацијата е многу чувствително прашање во Украина каде број војници е намален по повеќе од две и пол години борба против руската инвазија.
Костин ја објави својата оставка на 22 октомври преку платформата Телеграм по состанокот на Советот за национална безбедност на Украина на кој присуствуваше и претседателот Володимир Зеленски, кој рече дека обвинителот „треба да преземе политичка одговорност“ за ситуацијата.
Видете и ова: Украина има 10 милиони жители помалку по руската инвазија„Верувам дека ставот на претседателот Зеленски е апсолутно точен … Мислам дека е коректно да поднесам оставка од функцијата главен обвинител“, рече Костин на Телеграм.
Претходно овој месец, истражителите открија и дека голем број јавни обвинители во западниот регион Хмелницки лажно добиле документи за попреченост поради што добиле посебни бенефиции.
Истрагата за ова прашање е во тек и во други делови на Украина.