Населението на Украина се намали за повеќе од 10 милиони од февруари 2022 година, кога започна руската инвазија, што предизвика егзодус и пад на стапката на плодност, соопштија Обединетите нации (ОН) на 22 октомври.
Регионалната директорка на Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА), Флоренс Бауер, за новинарите во Женева изјави дека падот е поврзан и со други фактори бидејќи „и пред војната Украина се соочуваше со значителни демографски предизвици“.
„Но, со целосната инвазија на Русија, која започна во 2022 година, ситуацијата значително се влоши“, рече Бауер.
6,7 милиони луѓе ја напуштија Украина, а „значителен број загинаа за време на конфликтот“, додаде претставничката на ОН.
Видете и ова: Европратениците го одобрија заемот од 35 милијарди евра за УкраинаСе проценува дека Украина имала 38 милиони жители пред избувнувањето на војната во 2022 година.
Киевските сили се борат со жестока руска офанзива на исток, додека секојдневно се соочуваат со напади врз градовите и енергетската инфраструктура.
Во последниот таков напад, три лица, меѓу кои и едно дете, беа убиени на 22 октомври во југоисточниот регион Суми, кој граничи со Русија, објавија регионалните власти.