Најмалку 13 лица загинаа, а 57 се ранети во израелски напад во Бејрут, во близина на најголемата државна болница во Либан, е новиот официјален биланс од вчерашниот напад.
Меѓу загинатите, како што е соопштено, има и дете.
Болницата Рафик Харири, која беше оштетена во нападот, се наоѓа на периферијата на јужните предградија на Бејрут, која е и упориште на проиранското движење Хезболах.
Хезболах е и вооружена група и политичка партија која контролира голем дел од јужен Либан. ЕУ не го стави на црната листа неговото политичко крило, туку само вооруженото. Политичката партија Хезболах има места во либанскиот парламент.
Видете и ова: Израел со нови напади врз Хезболах во Либан по предупредувањето на НетанјахуМинистерството за здравство соопшти дека 17 ранети се хоспитализирани, а седум од нив се во критична состојба.
Најмалку 1489 луѓе се убиени во Либан од 23 септември, кога се интензивираа израелските напади врз цели на Хезболах, наведуваат француските медиуми, повикувајќи се на официјални извори.