Американскиот државен секретар Антони Блинкен се сретна со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху на 22 октомври во првиот голем обид на САД за примирје на Блискиот Исток откако Израел го уби лидерот на Хамас и последниот обид пред американските избори.
Блинкен започна со состаноци во Израел додека Хезболах истрела ракети кон Тел Авив и Хаифа, а израелските воздушни напади погодија делови од јужните предградија на Бејрут.
Видете и ова: Додека блискоисточната криза ескалира, надежите за дипломатско решение слабеатПланираното еднонеделно патување на Блинкен, кое ќе вклучи застанувања во Јордан и во Доха во среда (23 октомври), исто така доаѓа додека регионот се подготвува за одговорот на Израел на иранскиот балистички ракетен напад врз Израел на 1 октомври. Одмаздата би можела да ги наруши нафтените пазари и да ризикува да предизвика војна меѓу старите непријатели.
„За прашањето за Газа, Блинкен ќе се фокусира на дискусиите за тоа како да се стави крај на војната, плановите за енклавата по завршувањето на борбите и како да се подобри хуманитарната помош“, изјави висок претставник на Стејт департментот, кој сакаше да остане анонимен, пишува Ројтерс.
Минатата недела Блинкен и американскиот секретар за одбрана Лојд Остин побараа од израелските власти конкретни мерки за справување со влошената ситуација во Газа или да се соочат со потенцијални намалувања на американската воена помош.
Видете и ова: Гоз: Доколку Израел го нападне, Иран ќе возврати со удари врз арапските земјиОфицијалниот претставник рече дека за време на неговите средби со Израел и претставниците на арапските земји, Блинкен детално ќе го проучи прашањето за „денот потоа“, особено безбедноста, управувањето и реконструкцијата.
Договорот за деталните планови за секој од нив се смета за предуслов за постигнување на какво било трајно решение на конфликтот.
„Државниот секретар, исто така, ќе разговара со Израел и со другите земји како да се обезбеди дипломатско решение за конфликтот со Хезболах и ќе ја продолжи разговорот на Вашингтон со Израелците за нивниот очекуван одговор на иранскиот ракетен напад“, вели претставникот на Стејт Департментот.