Велика Британија ќе и обезбеди на Украина заем од 2,26 милијарди фунти (2,4 милијарди долари) за набавка на повеќе системи за оружје, изјави министерот за одбрана Џон Хејли на 22 октомври.
Соопштението доаѓа во период кога силите на Киев се борат со жестока руска офанзива на исток, додека се соочуваат со секојдневни напади врз градовите и енергетската инфраструктура.
Во последниот таков напад, три лица, меѓу кои и едно дете, беа убиени на 22 октомври во југоисточниот регион Суми, кој граничи со Русија, објавија регионалните власти.
Сумата на која се осврна Хејли е дел од поголемиот заем од 50 милијарди долари за Украина објавен во јуни од Групата седум развиени земји (Г7). Заемот треба да се сервисира од приходите генерирани од руските суверени средства замрзнати на Запад по почетокот на неиспровоцираната инвазија на Москва на Украина во февруари 2022 година. Замрзнатите руски средства се проценуваат на околу 300 милијарди долари.
„Заемот е „наменет како буџетска поддршка за воените трошоци на Украина, овозможувајќи им на Украинците да инвестираат во клучна опрема за поддршка на нивните напори против Русија, како што се противвоздушна одбрана, артилерија и поширока поддршка за опрема“, рече Хејли во соопштението објавено од британската Влада.
Видете и ова: Австралија ќе и донира 49 тенкови „Абрамс“ на УкраинаЗаемот е дополнување на постоечката годишна програма на Велика Британија за воена помош од 3,9 милијарди долари за Украина и доаѓа покрај 16-те милијарди американски долари што Лондон веќе ги посвети за воена, економска и хуманитарна поддршка за Киев.
Русија рече дека употребата на нејзините замрзнати средства е незаконска и се закани со одмазда.
Видете и ова: Украина го притиска Западот да го придвижи „Планот за победа“Хелји и британската министерка за финансии Рејчел Ривс го објавија заемот при посетата на обуката на украинските војници во Британија.
„Нашата поддршка за Украина и нејзините мажи и жени во нивната борба за слобода од агресијата на рускиот претседател Владимир Путин е непоколеблива и ќе остане таква се додека е потребно“, се вели во соопштението од Владата.
Европската Унија, каде што се наоѓаат најголемиот дел од блокираните руски средства, веќе има преземено 35 милијарди евра (38 милијарди американски долари) како дел од уделот на 27-члениот блок во рамките на шемата за вонредно забрзување на приходите (ЕРА) за Украина на групата Г7.