Турскиот верски водач Фетула Ѓулен, за кого Анкара тврди дека го организирал неуспешниот пуч во 2016 година, почина во САД на 83-годишна возраст, објавија во понеделник турските медиуми и веб-страницата поврзана со Ѓулен.
Ѓулен изгради влијателно исламско движење во Турција и пошироко, но последните години ги помина обвинет за организирање на обидот за државен удар против турскиот лидер Реџеп Таип Ердоган, што тој го негираше.
Веб-страницата Херкулес која ги објавува предавањата на Ѓулен, на својот профил Х објави дека Ѓулен починал во неделата вечерта во болница каде што бил на лекување.
Ѓулен некогаш беше сојузник на Ердоган, но двајцата се разделија.
Ердоган го сметаше за одговорен за обидот за државен удар во 2016 година, во кој одметнати војници подигнаа воени авиони и хеликоптери и лансираа тенкови. Во обидот за преземање на власта загинаа близу 250 луѓе.
Ѓулен живееше во самонаметнат егзил во САД од 1999 година.
Видете и ова: Турција уапси над 500 луѓе осомничени за блискост со ЃуленСпоред неговите следбеници, движењето на Ѓулен - познато како „Хизмет“ што значи „услуга“ на турски - има за цел да шири умерен бренд на исламот кој промовира образование во западен стил, слободни пазари и меѓуверска комуникација.
По неуспешниот пуч, неговото движење систематски беше задушено во Турција, а неговото влијание се намали на меѓународно ниво.
Познат меѓу неговите поддржувачи како Хоџафенди, или почитуван учител, Ѓулен е роден во село во источната турска провинција Ерзурум во 1941 година. Син на имам, односно исламски проповедник, од детството го учел Куранот. Во 1959 година, Ѓулен беше назначен за имам на џамија во северозападниот град Едрене и почна да се истакнува како проповедник во 1960-тите во западната провинција Измир, каде што основаше студентски домови и одеше во чајџилници за да проповеда.
Видете и ова: ФЕТО - бреме во македонско-турските односиОвие студентски куќи го означија почетокот на неформалната мрежа која ќе се прошири низ образованието, бизнисот, медиумите и државните институции во наредните децении, давајќи им на своите поддржувачи големо влијание. Ова влијание се прошири надвор од границите на Турција во турските републики од Централна Азија, Балканот, Африка и Западот преку мрежа на училишта, пишува Ројтерс.
Анкара долго време бара негова екстрадиција од САД.