Соединетите Американски Држави (САД) наскоро ќе го истражат протекувањето високо доверливи разузнавачки документи кои ги опишуваат подготовките на Израел за одмазднички напад против Иран, изјави Мајк Џонсон, претседател на Претставничкиот дом на САД на 20 октомври.
Документите со датуми од 15 и 16 октомври, првично беа објавени на апликацијата за пораки Телеграм во петокот(18 октомври), објави редакцијата на англиски јазик на Радио Слободна Европа(РСЕ).
Документите се означени со „строго доверливо“ и имаат ознаки што укажуваат дека можат да ги видат само САД и другите членки на алијансата „Пет очи“ - Австралија, Канада, Нов Зеланд и Велика Британија, пренесе Си-Ен-Ен.
Се чини дека документите ги опишуваат израелските воени подготовки за напад врз Иран.
Во еден од документите се наведува дека материјалот е составен од американската Национална геопросторна разузнавачка агенција (НГА).
Претседателот на Претставничкиот дом, републиканецот Мајк Џонсон, потврди за Си-Ен-Ен дека истрагата е во тек и ќе биде информиран за неа за неколку часа.
Пентагон соопшти дека ги истражува извештаите.
Од НГА не се изјаснија за случајот.
„Њујорк тајмс“ објави дека американските власти „се обидуваат да го утврдат изворот на протекувањето, што ги опишува воените вежби и распоредувањето на оружјето и колку тоа може да биде штетно“.
„Документите, кои нудат интерпретација на сателитски снимки, даваат увид во потенцијалниот напад на Израел врз Иран во наредните денови“, пишува „Њујорк Тајмс“.
Видете и ова: Бајден за смртта на водачот на Хамас: Oва е добар ден за Израел, САД и светотВладини функционери и набљудувачи ширум светот рекоа дека очекуваат Израел да го нападне Иран како одмазда за иранскиот ракетен напад претходно овој месец - за што Техеран рече дека самото е одмазда за претходниот напад на Израел.
Oфицијални лица изјавија за „Њујорк тајмс“ дека документите не се сеопфатна проценка на она што Вашингтон го знае за плановите на Израел и го претставува само она што може да го утврдат аналитичарите кои гледаат сателитски снимки.