Претседателот на Србија, Александар Вучиќ разговарал со рускиот претседател Владимир Путин и му се заблагодарил што „се погрижи Русија да обезбеди доволно количества гас за Република Србија оваа зима“.
Вучиќ на својот Инстаграм профил објави дека не разговарал со Путин „речиси две и пол години“, а на 20 октомври имале „добар, отворен, долг и значаен разговор“.
Како што наведе Вучиќ во видео објавено на Инстаграм, со Путин разговарал за билатерални, економски и политички прашања.
„Изразив надеж, исто како и пред две и пол години, дека Србија нема да воведе санкции кон Руската Федерација“, рече Вучиќ.
Видете и ова: Може ли Вучиќ да биде надигран во балансирањето?Повод за разговорот беше одбележувањето на 80 години од ослободувањето на Белград.
Србија ја дочека руската инвазија на Украина целосно зависна од гасот од Русија.
Во меѓувреме, по примерот на многу земји од Европската Унија (ЕУ), Србија почна да работи на изнаоѓање други извори на снабдување.
Сепак, и покрај повиците од ЕУ, чиј кандидат за членство, Србија одбива да воведе санкции кон Русија, а претставниците на властите во Белград одржуваат врски со Кремљ.