Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, соопштија од Управата за хидрометеролошки работи (УХМР).
Максималната температура ќе достигне од 15 до 21 целзиусов степен.
Видете и ова: Временска прогноза - променливо облачно, услови за слаб дождВо Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 21 целзиусов степен.
На Попова Шапка утрово се измерени два степени Целзиусови, во Демир Капија 14 степени.
Во Берово се измерени три степени, 6 во Крива Паланка, Крушево и Лазарополе, 7 степени во Маврови Анови, 8 Струмица, 9 Претор, 10 степени во Прилеп и Виница, 11 Тетово, Охрид и Битола, 12 степени во Штип, Куманово, Дебар и Кавадарци и 13 степени целзиусови во Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, Велес и Гевгелија.