Времето ќе биде променливо облачно со услови за слаб локален дожд, соопштија од Управата за хидрометеролошки работи (УХМР).
Ќе дува слаб до умерен, а во Повардарието и повремено засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 13 целзиусови степени, а максималната ќе достигне од 14 до 20 целзиусови степени.
Видете и ова: Временска прогноза - преку ден сончево, попладне дождВо Скопје ќе променливо облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 19 целзиусови степени.
Во недела ќе се задржи променливо облачно време време со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Во текот на следната работна седмица ќе преовладува стабилно и тивко време со ниски утрински температури.