Комисијата за етички и правни прашања при Лекарската комора нема законски ингеренции да ја преиспитува работата на Комисијата за стручен надзор формирана од страна на Министерството за здравство, ниту самоиницијативно да утврдува мерки, но најголем дел од пропустите нотирани во извештајот се системски пропусти во овие здравствени установи. Ова денеска го соопшти Лекарската комора на Северна Македонија за случајот со лекувањето и третманот на починатото дете Р.С.
Лекарската комора потсетува дека пред два дена, на 16 октомври 2024 година, во попладневните часови од Министерството за здравство го добила „Извештајот од извршен надзор над стручната работа на Универзитетската клиника за детски болести, Скопје и ЈЗУ Универзитетска клиника за респираторни заболувања кај децата - Козле, Скопје“, подготвен од Комисијата за стручен надзор формирана од министерот за здравство Арбен Таравари за лекувањето и третманот на починатото дете Р. С. Комисијата за етички и правни прашања при Лекарска комора утредента, на 17 октомври 2024 година, одржала седница на која го разгледала овој извештај и дала мислење.
Видете и ова: Таравари: Утврдени пропусти при лекувањето на 14 месечното бебе кое почина„Веруваме дека здравствените установи, како надлежни за овој сегмент од извештајот, во соработка со министерот за здравство, во зададените рокови ќе ги отстранат пропустите“, се вели во соопштението од Лекарската комора.
Во однос на стручните пропусти во третманот нотирани во извештајот, Лекарска комора, како што наведува, може да постапува само во рамки на законски утврдена постапка согласно Законот за здравствена заштита, односно само врз основ на решение изготвено од страна на министерот за здравство.
Видете и ова: ДСЗИ бара стручен надзор за смртта на 14-месечното бебеЛекарската комора нагласува дека ќе постапи веднаш, согласно своите надлежности и ингеренции, штом добие Решение од министерот за здравство со кое точно ќе се прецизира индивидуалната одговорност и ќе се предложат конкретни мерки согласно законските прописи.
И министерот за здравство Арбен Таравари деновиве соопшти дека при направениот стручен надзор во Клиниката за детски болести и во Клиниката за респираторни болести кај децата - „Козле“, биле констатирани одредени недостатоци и тоа системски, технички од аспект на опрема и стручни.