Три лица загинаа, а пет се повредени во сообраќајка што се случила денеска (16 октомври) попладне на автопатот Скопје – Велес.
Несреќата во полиција била пријавена во 17:45 часот, а до неа дошло кога комбе се превртело на автопатот пред тунелот кај Катланово.
„До сега е констатирана смрт кај три лица, а пет се пренесени во болница за укажување помош. На лице место се упатени полициски екипи и јавен обвинител“, изјавија од Министерството за внатрешни работи (МВР) за државната агенција МИА.
Видете и ова: Тркала на трагедијата - смртноста на патиштата над европскиот просекОд Основното јавно обвинителство (ОЈО) – Скопје информираа дека дежурниот обвинител и екипи од МВР вршат увид на местото на сообраќајната несреќа.
Повикан е и сообраќаен вештак за да ги утврди причините, а од обвинителството посочуваат дека ќе ги издадат сите потребни наредби за вештачење.