Владата на денешната седница го разрешила досегашниот директор на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) Зарко Милошевски и на негово место го назначила Бојан Христовски.
Христовски на директорската позиција доаѓа од Министерството за внатрешни работи.
Како кадар на ВМРО-ДПМНЕ, по локалните избори во октомври 2021 година, тој краток период беше директор на јавното скопско претпријатие „Градски паркинг“, но замина од позицијата во септември 2022 кога почнаа недоразбирањата и јавните препирки меѓу партијата и градоначалничката Данела Арсовска.
Видете и ова: Неуспешниот партиски пазар на Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ на штета на граѓанитеДосегашниот директор Милошевски беше назначен на функцијата во декември 2022 година од тогашната Влада на СДСМ и ДУИ.
Пред Милошоски, на позицијата се наоѓаше Виктор Димовски, кој беше и прв директор на АНБ.
Агенцијата за национална безбедност почна да функционира во 2019 година, по реформите кои беа спроведени во безбедносниот сектор, а со кои престана да функционира Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК) во рамки на Министерството за внатрешни работи.