Либанскиот Хезболах, кој веќе три недели е во отворена војна со Израел, соопшти дека соборил уште еден „израелски дрон од типот Хермес 450“. Хезболах, која САД ја сметаат за терористичка група, иако ЕУ го стави само на црната листа военото крило, а не и на политичката партија, контролира голем дел од јужен Либан.
Според оваа проиранска милитантна организација, тој дрон бил виден „во пламен“ на израелската страна на границата.
Видете и ова: Израел со нови напади врз Хезболах во Либан по предупредувањето на НетанјахуХезболах сега споменува „непосредни судири“ со израелските војници, кои почнаа со копнени напади на 30 септември во јужен Либан, кој граничи со северен Израел.
Оваа организација известува дека тие секојдневно го напаѓаат Израел со ракети и дронови.
Израел, од друга страна, го засили бомбардирањето на Либан, а неговите беспилотни летала постојано се во воздушниот простор на земјата.