Повеќе од 400 000 деца во Либан се раселени во последните три недели, изјави висок претставник на УНИЦЕФ, предупредувајќи на загубена генерација во малата земја која се соочува со бројни кризи и сега е вовлечена во војна.
Израел ја засили својата кампања против милитантната група Хезболах, која дејствува од Либан, вклучувајќи и копнена инвазија по размената на оган со таа проиранска организација за време на војната со Хамас во Појасот Газа.
Борбите во Либан принудија 1,2 милиони луѓе да ги напуштат своите домови, од кои најголемиот дел во последните три недели ескалација побегнаа во Бејрут или на северот од земјата.
Видете и ова: Мировниците на ОН остануваат во јужен Либан, СБ е загрижен за нивната безбедностТед Чајбан, заменик извршен директор на УНИЦЕФ за хуманитарни акции, ги посети училиштата што се пренаменети во засолништа за раселени семејства.
„Она што ме остави без зборови е дека оваа тринеделна војна погоди толку многу деца. Додека седиме тука, 1,2 милиони деца се лишени од образование. Либанските јавни училишта или се недостапни, или се оштетени од војната, или се користат како засолништа. Последното што и е потребно на оваа земја, покрај се што помина, е ризикот да изгуби неколку генерации“, рече Чајбан.
Иако некои приватни училишта во Либан се уште работат, јавниот образовен систем е сериозно погоден од војната, заедно со најранливите групи во земјата, како што се палестинските и сириските бегалци.