Голем број државни институции во Украина на 14 октомври беа евакуирани откако стотици училишта, бизниси, амбасади и медиуми добиле електронска пошта со закана за терористички напад. Властите извршија инспекција на училишта, бизниси, хотели, амбасади и медиумски организации вклучително и во канцелариите на Радио Слободна Европа, кои ја примиле заканувачката е-пошта, во потрага по експлозивни направи за кои во пораката се вели дека биле поставени на тие локации.
Украинското Министерство за надворешни работи соопшти дека 60 нејзини мисии во странство ја примиле заканувачката е-пошта, а некои од нив ги суспендирале конзуларните услуги.
Во заканувачката е-пошта се спомнуваат имињата на новинарите на РСЕ, Ирина Сисак и Валерија Јехошина, како и на хонорарката Јулија Кимерик, кои испраќачите ги обвинуваат за наводно планираните бомбашки напади.
Тоа следи по истрагата објавена од тројцата новинари во истражната единица Шеми (Schemes) на украинската служба на РСЕ, која покажува како руските разузнавачки служби регрутираат Украинци, вклучително и малолетници, за да ги запалат автомобилите на украинскиот воен персонал и претставници на воените центри.
Видете и ова: Затворениците кои останаа во Русија по историската разменаПретставниците на Националната полиција на Украина кои ги проверуваа локациите вклучително и канцеларијата на РСЕ во Киев изјавија доцна на 14 октомври дека не пронашле никаква експлозивна направа откако пребарале околу 60 отсто од загрозените локации, но претресите продолжиле.
Пораката е испратена од лице кое се претставило како претставник на „терористичка група“ чие име се совпаѓа со името на антиукраинскиот канал Телеграм, кој шири повици да се палат автомобили на украински воен персонал и претставници на воени центри. РСЕ не го открива името на испраќачот или групата од безбедносни и етички причини.
По добивањето на заканувачката е-пошта, Шеми откри и дека лице со исто име како испраќачот на заканувачката е-пошта живее на Крим, окупиран од Русија и има руски пасош.
Претседателот на РСЕ, Стивен Капус, рече дека РСЕ знаела дека нејзините новинари биле именувани во заканувачките мејлови.
„Нема да бидеме исплашени и ќе застанеме зад нашите новинари кои ќе продолжат да носат вести до украинската публика без страв и пристрасност“, рече Капус, ветувајќи целосна соработка со властите во нивните истраги.
Видете и ова: Новинари на РСЕ под руски оган во источна УкраинаСпоред Шеми, групата која ја презеде одговорноста за наводното подметнување експлозиви, активно шири пораки на социјалните мрежи во кои повикува на палење на украинските воени возила и ги демонстрира резултатите од претходните подметнувања на пожари. Напорот за регрутирање чини 100 долари за оние кои ќе се согласат да учествуваат.
Артем Дехтјаренко, портпарол на Службата за безбедност на Украина (СБУ) рече дека Русија се обидува да направи да изгледа како подметнување пожари што ги вршат обичните Украинци, а всушност нападите се поттикнати од руските безбедносни служби.
Шеми, исто така, објави дека на почетокот на октомври претставници на истата група испратиле пораки до неколку украински владини агенции нудејќи „плаќање за убивање“ на највисоките безбедносни функционери и јавни личности. Тие се претставија како организација која „долго време се занимава со извршување на наредби за насилни дејствија и решавање на прашањата преку физичка елиминација“.
На веб-страницата на групата пишува дека обезбедува „услуги“ како што се „рекетирање, нарачани убиства, кражби на автомобили, телесни повреди, подметнување пожари“.
Прес-службата на СБУ за Шеми изјави дека масовното испраќање на заканувачка е-пошта треба да се гледа како операција чија цел е ширење паника меѓу украинската јавност.