Боре Видевски кој е обвинет за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и на 74-годишниот Панче Жежовски, по неколкудневниот престој во болница каде беше хоспитализиран поради проблеми со бубрезите е вратен во затворот „Скопје“ во Шуто Оризари и е во добра здравствена состојба, информираат надлежните.
Судењето за овој случај, во кој првообвинет е Љупчо Палевски, ќе продолжи во понеделник.
Видете и ова: Обвинет за двојното убиство на Вања и Панче е во тешка состојба на нефрологијаСудењето за убиството на Панче и Вања почна на 20 септември, кога на обвинителна клупа во Основниот кривичен суд во Скопје седнаа, првообвинетиот Љупчо Палевски, како и Боре Видевски, Велибор Манев, Влатко Кешишов, и таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски.
Според обвинението на 22 ноември 2023 година, петтемина обвинети заеднички извршиле грабнување на Панче Жежовски во Велес, Љупчо Палески Палчо му пукал во глава, по што го заплениле возилото „Цитроен“ за да го користат за грабнување на детето во Скопје.
Сите обвинети во случајот, вклучувајќи го и Палевски, се изјасниа за невини пред судот.