Украински беспилотни летала ги нападнале руските региони Белгород и Краснодар, велат официјални лица од тие региони и посочуваат дека во неделата на 12 октомври три лица биле повредени.
Гувернерот на Белгород, Вјачеслав Гладков, на Телеграм објави дека во нападот на Устинка се ранети една жена и двајца мажи и дека се хоспитализирани.
„Во Краснодар, три куќи и едно возило беа уништени од украински беспилотни летала“, рече регионалниот шеф Вениамин Кондратиев на Телеграм, додавајќи дека нема информации за повредени.
Во дел од источниот украински регион Луганск, под руска окупација, гори складиште за гориво во Ровенки, се наведува на локалните канали Телеграма, каде е објавено видео од наводниот пожар.
Видете и ова: Руските сили собориле 92 украински дронаНема официјална потврда за нападот на Ровенки, кој беше втор по нападот на складиште за гориво во мај. Руското Министерство за одбрана соопшти дека нивните сили собориле 17 беспилотни летала над Краснодар, 12 над Курск, две над Белгород, додека други 16 биле соборени долж брегот на Азовското Море.