Македонските политичари од власта и опозицијата упатија честитки до граѓаните по повод празнувањето на 11 Октомври- Ден на народно востание.
Претседателката Гордана Сињановска Давкова ја истакна благодарноста кон хероите за нивната натчовечка жртва, но и одговорноста кон нив и кон новите генерации, истакнувајќи дека чувањето на татковината е важно колку и чинот на нејзиното ослободување.
„Секоја генерација се соочува со нови предизвици. Изминативе 33 години ние се боревме за признавање на независноста и добивање заслужено место во европското семејство и во меѓународните организации, за зачувување на мирот и градење демократија. Борбата за нашите правдини, но и за правна држава, продолжува“, нагласува Сиљановска Давкова во честитката.
Таа апелира да се надминат меѓусебните делби, за обединување за заедничката борба за просперитетна европска држава и за праведно македонско општество.
Видете и ова: „Набуко“ од Верди за затоплување на односите меѓу Скопје и СофијаПремиерот Христијан Мицкоски по повод празникот, порача дека денеска кога се одбележуваат 83 години од пркоста и желбата за слободна Македонија, народниот дух на пркос и непокор трае и е движечка сила за промени и подобро утре.
„Како генерација политичари, ние немаме втора шанса, и оваа шанса и доверба која ја ни ја дадовте мораме да ја зграпчиме и од истата извадиме најмногу што можеме, тоа им го должиме на сегашните, но и на идните генерации на кои мораме да им обезбедиме својата иднина да ја градат тука, зошто ни е аманет од тие пред нас. Само заедно сложни Македонци, Албанци, Турци, Роми, Срби, Власи, Бошњаци можеме да градиме единство, иднина и просперитет“, порачува Мицкоски.
Во честитката тој истакнува дека „ерата пред нас ќе биде одбележана со економски напредок и развој, правна сигурност на системот и владеење на правотосистемот и владеење на правото“.
Претседателот на опозициската СДСМ, Венко Филипче, во неговото обраќање по повод 11 Октомври прави паралела на партизанската борба за слобода и сопствена држава во 1941 и денешната битка пред која се исправени граѓаните и државата.
„Ако тогашната битка беше за слобода и човечки правдини, денешните битки се за стабилна, интегрирана и просперитетна Македонија. Нашиот просперитет можеме најдобро да го реализираме интегрирани со нашите европски сојузници како полноправна и рамноправна членка на Европската Унија“, вели Филипче во своето обраќање.
Во честитката апелира победничкиот дух на 11 Октомври да биде водилка во сите битки и одлуки кои се пред нас.