Економско - социјалниот совет (ЕСС) на денешната конституивна седница ќе ги разгледа барањата на социјалните партнери по што се очекува да се донесат заеднички одлуки и мерки, изјави министерот за економија и труд Бесар Дурмиши, кој е именуван за нов претседател на ЕСС.
„Ќе ги слушнеме барањата и на синдикатите и на работодавачите, односно на сите засегнати страни и на крај ќе донесеме заеднички одлуки и мерки бидејќи сите страни имаме една цел, а тоа е подобрување на стандардот на нашите граѓани. Ќе се разгледуваат сите барања кои ќе бидат поставени на денешната седница“, изјави Дурмиши.
Видете и ова: Работниците бараат повисоки плати, владата нуди минимални корекцииОд Сојузот на синдикати на Македонија(ССМ) и од Организацијата на работодавачи на 1 октомври, кога се одбележаа 100 дена од работата на Владата, изразија очекување дека наскоро ќе биде свикана седница на Економско - социјалниот совет за да се разговара за зголемување на минималната плата на 450 евра од сегашните околу 365 евра.
Од ССМ изјавија дека ништо не може да ги убеди дека нема услови за таа висина на минималецот, со образложение дека најголемиот дел од стопанствениците се подготвени да ја плаќаат оваа сума како минимална плата, но дека потребно е да се направи бизнис клима од страна на власта.