Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочовска уверува дека е против замрзнување на трговските маржи и според неа таквата мерка не носи никакви резултати.
„Никогаш не можам да се согласам со мерката на замрзнување на цени, маржи, тоа се сложени методологии за пресметка, и во државните институции нема доволно капацитет кој може точно да ги пресмета тие маржи и да потврди дека тоа е така. Во периодот кој следи очекувам да има промени во тој дел, и да не се продолжува на истиот овој начин, затоа што јас сметам дека ефектите нема да бидат толку големи колку што се очекува особено во услови кога имаме ниска инфлација“, појасни Димитриеска-Кочовска на денешната прес-конференција по повод отчетот 100 дена Влада.
Со Одлуката на Владата за посебни услови за трговијата на одделни стоки се врши ограничување на профитните маржи до 10 отсто на 73 основни прехранбени производи, поради што се очекуваше нивните цени да се намалат за 10 отсто. Оваа одлука Владата ја донесе на вонредна седница на 20 септември.
Видете и ова: По одлуката за намалување на маржата, се менуваат цените на производитеСпротивно на ова, како што рече, го подржува Законот за нефер трговски практики.
„Сметам дека тој повеќе ќе го регулира пазарот отколку овие математики кои ги правиме. Законот за нефер трговски практики многу поедноставно може да се проверува и следи во однос на она што значи замрзнување на цени. Јас сум човек што има став и не го менувам така едноставно, затоа што ниедна одлука досега не сум ја донела избрзано, ниту сум ја донела поради некаков инает, туку само врз база на тоа што значи анализа на бројки и воочување на реалноста“, одговори Димитриевска-Кочовска на прашањето дали била осамена во моментот на носењето на одлуката за маржите на Влада.
Независно од тоа дали била осамена или не, таа вели дека одлуката на Владата е конечна.
Видете и ова: Закон за нефер трговски практики од утре, пониски цени од крајот на октомвриЗаконот за нефер трговски практики предвидува повеќе од 2500 земјоделски и прехранбени производи да имаат ограничени маржи до 10 отсто. Тој почна да ссе применува од 28 септември 2024 година.