Повеќе од 370 милиони девојчиња и жени или една од осум во светот, биле жртви на силување или сексуална злоупотреба пред да наполнат 18 години, објави во четврток (10 октомври) Агенцијата на Обединетите Нации за децата (УНИЦЕФ).
Таа бројка се искачува на 650 милиони, или еден од пет, кога ќе се земат предвид „без-контактните“ форми на сексуално насилство, како што е онлајн или вербалната злоупотреба, соопшти УНИЦЕФ во, како што го нарече првото глобално истражување за овој проблем.
Ова се првите податоци на Агенцијата во врска со сексуалното насилство врз децата, на глобално ниво, а беа објавени еден ден пред Меѓународниот ден на девојчињата.
Доколку податоците вклучуваат и други форми на сексуално насилство, како што е она извршено на интернет или вербално насилство, тогаш бројката би била над 650 милиони, што значи дека секоја петта девојка се соочила со некаков облик на насилство, истакнува УНИЦЕФ.
Ситуацијата е посложена во најранливите региони, како што се оние со послаби институции, со присуство на мировните сили на Обединетите Нации или присуството на голем број бегалци кои бегаат од насилство и несигурност.
Видете и ова: Семејно насилство се пријавува кога модринките ќе излезат на виделинаИзвршниот директор на УНИЦЕФ Кетрин Расел го нарече сексуалното насилство врз децата „дамка на нашата морална совест“.
Момчињата и младите мажи се исто така погодени од сексуално насилство, објави агенцијата.
Се проценува дека меѓу 240 и 310 милиони момчиња, или приближно едно од 11, доживеале сексуално насилство или напад во детството.
Видете и ова: Ќе има ли правда за жртвите на воено сексуално насилство во УкраинаСпоред податоците, најчестите случаи на сексуално насилство се случуваат во адолесценцијата, особено на возраст од 14 до 17 години, а оние кои го трпат се соочуваат со поголем ризик од сексуално преносливи болести, злоупотреба на супстанции и проблеми со менталното здравје.
„Влијанието дополнително се влошува кога децата го одложуваат откривањето на своите искуства или целосно ја кријат злоупотребата“, велат од УНИЦЕФ.
Регионите со најголем број случаи на сексуално насилство врз децата се субсахарска Африка, по што следат Источна и Југоисточна Азија, Централна и Јужна Азија и Европа и Северна Америка. Извештајот е составен по спроведено истражување во повеќе од 120 земји и територии во периодот од 2010 до 2022 година, соопшти УНИЦЕФ.