Руската војска во четврток (10 октомври) објави дека соборила 92 украински беспилотни летала, од кои повеќето над југозападот на земјата, пишува АФП.
Русија известува дека речиси секојдневно соборува украински беспилотни летала над нејзина територија. Киев вели дека цел на нападите се енергетски локации, како одговор на руското бомбардирање на неговата територија.
Руското Министерство за одбрана соопшти дека 47 беспилотни летала биле соборени над регионот Краснодар, кој се наоѓа на југозападниот дел на земјата покрај Црното Море.
Видете и ова: Зеленски во Дубровник - Стабилноста на Европа зависи од случувањата на Балканот и во Украина„Петнаесет беспилотни летала беа соборени над Азовското Море, 12 над пограничниот регион Курск, а останатите над други региони кои се граничат или се блиску до Украина“, се вели во соопштението на Министерството.
Киев ги засили нападите врз рускиот енергетски сектор во последниве месеци, со цел да ги прекине приходите што Москва ги користи за финансирање на она што Кремљ ја нарекува својата специјална воена операција во Украина, која навлезе во третата година.