Ураганот Милтон го погоди западниот брег на Флорида во средата навечер (9 октомври) и донесе екстремно силни ветрови, обилни врнежи и торнада, а некои медиуми објавија дека има и жртви во областа Тампа, пренесува Гласот на Америка.
На 3,3 милиони луѓе им беше наредена евакуација, а повеќе од 1,6 милиони луѓе во Западна Флорида се без струја.
Националниот центар за урагани соопшти дека Милтон е „исклучително опасен“.
Видете и ова: Ураганот Милтон и се заканува на Флорида, Бајден ја откажа посетата на ГерманијаУраганот ослабе на категорија 2 од можни пет околу 90 минути по падот на копното, но бурата и понатаму е исклучително опасна.
Се предупредува дека ураганот може да предизвика бранови високи од 2,7 метри до четири метри, а Националната океанска и атмосферска управа регистрираше бранови високи до 8,5 метри на отворено море.
Во одредени области се очекува да наврнат од 150 до 300 милиметри дожд на метар квадратен.