Иранското Министерство за надворешни работи соопшти дека највисокиот дипломат на Техеран, Абас Арагчи, денеска попладне (9 октомври) ќе пристигне во Саудиска Арабија каде што според најавите ќе се фокусира на разговори за запирање на војната на Блискиот Исток што се шири.
Целта е понатамошни дипломатски напори „за да се запре геноцидот и агресијата на израелскиот режим и да се ублажат болките и страдањата на нашите браќа и сестри во Газа и Либан“, напиша портпаролот на иранското МНР Есмаил Багаи на платформата X.
„Мора да се запре масакрот и агресијата“, додаде портпаролот.
Видете и ова: Иранскиот шеф на дипломатијата Арагчи во посета на БејрутМинатата недела Арагчи денеска беше во посета на главниот град на Либан, Бејрут, во момент кога се интензивирани израелските воздушни напади врз цели на Хезболах во Либан.
Тоа беше прва посета на висок ирански претставник по убиството на лидерот на Хезболах, Хасан Насрала на 27 септември во израелски воздушен напад врз Бејрут.