Американскиот претседател Џо Бајден денеска (9 октомври) ќе оствари телефонски разговор со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, со кого како што јавуваат медиумите ќе дискутира за потенцијални воени акции против Иран, јавуваат медиумите.
Според неименувани извори на кои се повикува американскиот портал, Аксиос и агенцијата Ројтерс, Соединетите Држави сакаат да го искористат овој разговор за да се обидат да влијаат на одговорот на Израел на иранските провокации.
„Сакаме да се увериме дека Израел напаѓа цели во Иран кои се значајни, но не несразмерно“, рече еден американски функционер.
Белата куќа не одговори на барањето за коментар за наводите.
Видете и ова: Нови напади врз Либан, Израел тврди дека убил командант на ХезболахИран минатата недела лансираше ракети кон Израел, но во нападот немаше жртви. Вашингтон го нарече нападот „неефикасен“, додека Нетанјаху предупреди дека „најголемиот непријател на Израел, Иран“ ќе плати за ракетниот напад, што ги зголемува стравувањата од поширока војна во регионот.
Америка и другите сојузници го повикаа Израел на прекин на огнот во Газа и Либан, но официјален Израел најави дека ќе продолжи со воените операции додека Израелците не бидат безбедни.