Претседателот на САД, Џо Бајден, го одложи патувањето во Германија и Ангола, за да остане во Белата куќа и да ја следи ситуацијата со ураганот Милтон што и се заканува на Флорида.
„Едноставно не мислам дека можам да бидам надвор од земјата во овој момент“, рече Бајден.
Тој предупреди дека Милтон „може да биде една од најлошите бури во последните 100 години“ и посочи дека работи „на зголемување на одговорот“ од страна на федералната влада.
Американскиот претседател рече дека граѓаните кои се во потенцијална опасност треба да ги слушаат локалните власти и да се евакуираат.
„Жалиме за одлуката да се одложи посетата, но секако ја разбираме моменталната ситуација на Флорида“, изјави портпаролот на германската влада.
Видете и ова: Бајден ќе ги посети државите погодени од ураганот Хелен, бројот на жртви надмина 100Бајден требаше да пристигне во Германија во четвртокот.
И Белата куќа претходно соопшти дека Бајден ја одложува посетата на Германија поради ситуацијата на Флорида, која се подготвува за втор ураган за краток временски период.
Во соопштението за медиумите се споменува „одложување“, но не се прецизира кога Бајден, чиј мандат истекува во јануари следната година, би можел да ја посети Германија.
Одложена е и посетата на Ангола, која требаше да следи по посетата на Германија.
Ова требаше да биде прва билатерална посета на Бајден откако тој ја презеде функцијата во јануари 2021 година. Бајден беше во Германија, но како дел од самитот на земјите од групата Г7 во 2022 година.
Тој во саботата требаше да учествува и на самит на НАТО за Украина во американската воена база Рамштајн во сојузната германска покраина Рајнска област-Пфалц.
Жителите на Флорида кои се под закана од Милтон, сè уште не се опоравиле од претходниот ураган Хелен.
Според предвидувањата на американскиот Национален центар за урагани, Милтон би ја погодил областа Тампа, во која живеат околу 3,3 милиони луѓе.
Видете и ова: Најмалку 90 лица загинаа во ураганот Хелен во САДОвој ураган се засили над Мексиканскиот залив достигнувајќи максимална брзина од 270 километри на час, а НАСА го забележа и од вселената.
Доцна во понеделникот, Милтон се наоѓаше на околу 1.015 километри југозападно од Тампа со брзина на движење од 15 километри на час.
Жителите во најзагрозените делови на оваа област имаат помалку од 24 часа да се евакуираат.
Гувернерот на Флорида, Рон Де Сантис, во понеделникот рече дека сите остатоци од ураганот Хелен треба да се исчистат пред пристигнувањето на Милтон за да не се случат поголеми последици.
Ураганот Хелен, кој ја погоди Флорида на 26 септември, нанесе штети и во други сојузни држави на југоисточниот дел од САД. Загинаа повеќе од 200 лица и беше предизвикана штета од милијарди долари во шест држави.