Реакции по затворањето на „Прајд“ инфоцентарот во Белград
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
И по затворањето на „Прајд“ (Pride) инфоцентарот во Белград, сè уште стигнуваат пораки со поддршка за организаторите на просторот што ја собираше ЛГБТИ+ заедницата во последните седум години. Лоциран во центарот на Белград, центарот обезбедуваше правна и психолошка поддршка и работилници. Од финансиски причини тој беше затворен на 27 септември, но координаторите на центарот велат дека нивната работа не е целосно прекината.