Петмина руски планинари загинале при искачувањето на седмиот највисок врв во светот, потврди денеска организаторот на експедицијата во Непал.
Руски планинари се искачија на планината Далугари висока 8167 метри. Во Непал во моментов е во тек есенската сезона на качување.
„Планинарите беа исчезнати од неделата, а денеска нивните тела беа забележани од спасувачки хеликоптер“, изјави Пемба Џангбу Шерпа од „I AM Trekking and Expeditions“, со седиште во Катманду.
Видете и ова: Единаесет планинари загинаа по вулканска ерупција во ИндонезијаСè уште не е одлучено дали, кога и како телата ќе бидат симнати од планината. Таквата операција би барала обемно планирање, работна сила и соодветна опрема.
Двајца руски планинари всушност стигнале до врвот, додека останатите планинари почнале да се враќаат без да стигнат до врвот. Меѓутоа, тогаш радио контактот меѓу нив и членовите на тимот во базниот камп бил изгубен.
Минатиот месец започна есенската сезона на качување, која не е толку популарна како пролетната сезона. На планините има помалку гужви, а таксите за дозволи се пониски.