Повеќе од 71 отсто од Казахстанците гласале за изградба на првата нуклеарна централа во Централна Азија, објави Централната изборна комисија на земјата на 7 октомври по строго контролираниот референдум претходниот ден.
Комисијата соопшти дека одѕивот бил 63,66 отсто, лесно надминувајќи ги потребните 50 отсто и претставува 7 820 204 гласачи.
Поддржувачите велат дека нуклеарната централа ќе помогне да се стави крај на зависноста на Казахстан од јаглен, но противниците велат дека е премногу скапа и ќе претставува опасност за животната средина.
Набљудувачите пријавија одредени неправилности во богатата со енергија, но авторитарна поранешна советска република. Казахстанската влада проценува дека изградбата на нуклеарна централа би чинела до 12 милијарди долари.
Видете и ова: Референдум за изградба на нуклеарна централа во КазахстанНацијата богата со ресурси најмногу се потпира на електрани на јаглен за производство на електрична енергија. Казахстан, исто така, увезува електрична енергија од Русија бидејќи сопствената застарена инфраструктура се бори да ја задоволи домашната побарувачка.
Прашањето кој ќе ја гради нуклеарката не беше ставено на гласање на референдумот.
Владата објави дека ги разгледува апликациите од Русија, Кина, Јужна Кореја и Франција.
Претседателот Касим-Жомарт Токаев по гласањето во Астана на 6 октомври изјави дека меѓународен конзорциум би можел да ја преземе изградбата на нуклеарната централа. Тој не соопшти повеќе детали.