Пожар избувна во складиште со нафта во местото Феодосија, на Крим, по напад со беспилотни летала, пренесуваат руските канали на Телеграм.
Веста за пожарот ја потврди и Олег Крјучов, помошник шеф на Крим, именуван од Русите.
„Пожар во складиште за нафта во Феодосија. Руското Министерство за вонредни ситуации работи. Нема повредени и загинати. Вицепремиерот Игор Михаиленко отпатува во Феодосија“, објави Крјучов.
Видете и ова: Имитација во време на војна: Русија одржа нелегитимни избори во окупираниот КримЛокалните жители велат дека пред да избие пожарот се слушнале експлозии. Патем, нафтениот терминал во Феодосија е најголемиот на Крим во однос на капацитетот за претовар на нафтени производи. Има само два такви терминали на полуостровот, вториот е во Севастопол.
Терминалот во Феодосија веќе беше нападнат од четири дронови во март година. Тогаш беше оштетен главниот цевковод и избувна и пожар. Работниците се евакуирани.
Телеграм каналот „Кримски ветер“ пишува дека во текот на ноќта на Крим биле нападнати и аеродромите Белбек и Саки.