Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека одлуката за бришење на Талибанците од списокот на терористички организации е „донесена на највисоко ниво“, јави државната новинска агенција ТАСС, а пренесе агенцијата Ројтерс.
Одлуката треба да биде проследена со различни правни процедури за да стане реалност, рече на 4 октомври специјалниот претставник на претседателот Владимир Путин за Авганистан, Замир Кабулов.
Видете и ова: Русија лансираше речиси 90 дронови во Украина во текот на ноќтаПутин во јули изјави дека Москва го смета авганистанското талибанско движење за сојузник во борбата против тероризмот. Русија полека гради врски со талибанците откако екстремистичката група ја презеде власта во Авганистан во август 2021 година.