Папата Франциск денеска (6 октомври) назначи 21 нови кардинали, со што значително се зголеми фондот од кој ќе се избира неговиот наследник, пренесе агенцијата Асошиејтед прес (АП).
Меѓу новите кардинали, како што соопштија од белградската архиепископија, е и белградскиот архиепископ Ладислав Немет.
Од архиепископијата истакнаа дека ова е „првиот кардинал во историјата на Католичката црква во Србија, до сега тие беа во ранг на епископи и архиепископи“.
Видете и ова: Папата повика на итен прекин на огнот во ЛибанАП пренесува дека новите кардинали ќе бидат официјално именувани на церемонија позната како конзисторија на 8 декември, ден кој означува и почеток на божиќната сезона во Рим.
Ова е десетти пат како се воведуваат нови кардинали откако е избран папата Франциск. Во црковната хиерархија на Католичката црква, кардиналите го заземаат второто место по папата и тие се негови најблиски советници.