Руските сили лансираа 87 беспилотни летала и четири проектили врз Украина во текот на ноќта, насочени кон главниот град Киев и други градови, соопштија украинските власти денеска (6 октомври).
Украинските единици за противвоздушна одбрана соборија 56 од беспилотните летала и два од проектилите, соопштија воздухопловните сили на земјата, на платформата Телеграм.
Шефот на воената администрација на Киев, Серхи Попко, на Телеграм напиша дека „руските беспилотни летала влегле во Киев во неколку бранови и од различни правци“.
Видете и ова: Зеленски ќе им го претстави „планот за победа“ на сојузницитеНападите го држеа главниот град на Украина и околните области под тревога за воздушен напад повеќе од пет часа во текот на ноќта.
Воздушните напади го погодија и црноморското пристаниште Одеса, предизвикувајќи неколку експлозии во јужниот град, според локалните власти.
Нема информации за жртви од нападите во текот на ноќта.
Олександар Прокудин, гувернерот на Керсон, претходно на 6 октомври изјави дека еден цивил загинал, а 15 се повредени во руските напади врз јужниот регион во изминатите 24 часа.