За да се утврдат причините за смртта на 14-месечно бебе, кое починало утрово на Клиниката за детски болести, Министерството за здравство ќе иницира комисија за стручен надзор на оваа клиника, но и на Универзитетската клиника за респираторни заболувања кај децата во Козле.
„Од Клиниката информираат дека е хоспитализирано со тешка респираторна инфекција, тешка општа состојба и засегнати витални функции. Настапило рапидно влошување на состојбата, со отежнато дишење, со пад на сатурација.Телото на бебето е пратено на обдукција, по што ќе се утврдат причините за смртта“, стои во соопштението од Министерството за здравство.
Видете и ова: Додека бебиња умираат, нема ни пари, ни мерки за загадениот воздухДржавниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ), како што велат од Министерството, согласно надлежностите ќе изврши вонреден инспекциски надзор во двете здравствени установи каде починатото бебе било лекувано.
„Со цел да се утврди вистинитоста за евентуални пропусти во лекувањето, надзорот ќе се изврши во присуство на одговорните лица на здравствените установи, како и на лекарите кои учествувале во претходно пружање здравствена заштита“, додаваат од Министерството за здравство.