Саид Аталах, шефот на вооруженото крило на Хамас, бригадата Ал-Касам, е убиен на северот на Либан, пренесува Ројтерс повикувајќи се на медиум поврзан со палестинското движење.
Медиумите блиски до Хамас објавија дека Аталах бил убиен заедно со тројца членови на семејството во израелски напад врз палестински бегалски камп во северниот либански град Триполи, јавува Ројтерс.
Израел сѐ уште не ја коментираше најавата.
Нема повеќе информации за Аталах, за кој агенциите велат дека е водач на бригадите Ал Касам.
Видете и ова: Израел ја потврди ликвидацијата на лидерот на военото крило на Хамас, Мохамед ДеифВо средината на јули, Израел го елиминираше Мохамед Деиф, долгогодишниот лидер и еден од основачите на оние бригади кои го предводеа нападот врз Израел на 7 октомври. Деиф беше убиен еден ден откако политичкиот лидер на Хамас, Исмаил Ханија, беше елиминиран во Техеран.
Последното насилство во повеќедеценискиот израелско-палестински конфликт беше иницирано од Хамас - кој САД и ЕУ го сметаат за терористичка организација - со нападот врз Израел на 7 октомври минатата година, кога, според израелските податоци, беа убиени 1.200 луѓе. А околу 250 биле земени како заложници.
Во последователните напади на Израел врз Појасот Газа, управуван од Хамас, загинаа повеќе од 41.000 луѓе, според локалните здравствени власти, и раселено е речиси целото население на крајбрежната палестинска територија.
Во последните израелски воени акции во Либан против Хезболах, стотици луѓе беа убиени, додека еден милион беа раселени.